Евангелско Теолошки Институт — Куманово

Теологија, со ментор за секој предмет.

Четиригодишна програма по теологија во Куманово, што се изведува како менторски вонредни студии: 43 предмети, семинарски работи и дипломска. Уписите и студиите се во постојан тек.

Тристепена зграда со високи прозорци и црвени вертикални ленти, со крст на покривот и амблем на аголната кула.

Историја

ЕТИК е теолошки институт кој првенствено се занимава со едукација на нови теолошки кадри. Со својата работа започнува во 2016 година, најпрвин како вишо двегодишно теолошко училиште, а од 2022 година со нова четиригодишна програма по теологија, која се изведува по принцип на менторски вонредни студии.

Предавачи

Директор на ЕТИК е д-р Сашо Георгиевски.

Во менторскиот, наставничкиот и професорскиот кадар се вклучени 15 професори, асистенти и демонстратори — 3 доктори, 6 магистри и 6 дипломирани теолози, со долгогодишно активно искуство во пасторска служба.

д-р Сашо Георгиевски
д-р Сашо Георгиевски, директор на ЕТИК.

Студирање

Вонредните студии по теологија се изведуваат со активна соработка со сите ментори распределени за различните предмети од програмата.

Предмети во програмата

Прва година 9 предмети и една писмена задача

  1. Твојот нов живот
  2. Твојата Библија
  3. Книга за Исус
  4. За црквата
  5. Евангелизација
  6. Библиска етика
  7. Кога се молиш
  8. Како да ја проучуваш Библијата
  9. Твојот пријател и помошник
  10. Писмена работа — писмена проповед

Втора година 9 предмети и една писмена задача

  1. Христијанско обожавање
  2. Христијански работници
  3. Брак и семејство
  4. Божји план и твој избор
  5. Евангелие според Јован
  6. Што веруваме?
  7. Што прават црквите?
  8. Служба на поучување
  9. Христијанска заедница
  10. Сумаризација на книга (христијански класици)

Трета година 9 предмети и 2 семинарски работи

  1. Основни христијански доктрини
  2. Вовед во Стариот завет
  3. Вовед во Новиот завет
  4. Евангелизација
  5. Црковна историја I
  6. Старозаветна егзегеза и херменевтика
  7. Новозаветна егзегеза и херменевтика 2
  8. Основање нови цркви
  9. Светски религии
  10. Семинарска работа I
  11. Семинарска работа II

Четврта година 9 предмети, 2 семинарски работи и дипломска

  1. Црковна историја II
  2. Мисија
  3. Систематска теологија
  4. Библиска теологија
  5. Пасторологија
  6. Хомилетика
  7. Христијанска етика
  8. Апологетика
  9. Филозофија на религијата
  10. Семинарска работа III
  11. Семинарска работа IV
  12. Дипломска работа

Услови за упис

  1. Препорака од пастор на црква.
  2. Лично сведоштво и мотивациско писмо.
  3. Завршено средно образование — четиригодишно, или евентуално тригодишно со надополнување од завршени семинари, курсеви или практично искуство во службата.

Уписите и студиите се во постојан тек. За сите други детали и информации, јавете ни се лично.

Контакт