Ако некоја од овие книги ве интересира, јавете се на бројот што стои под неа. Три од нив се бесплатни додека трае залихата — а за останатите, цената не треба да ви биде пречка. Само прашајте нѐ.
Библија за млади читатели
Книгата ги содржи поистакнатите библиски настани од Стариот и Новиот Завет, со илустрации во боја. Самата книга е препорачана и од господин Стефан, архиепископот на МПЦ, Охридски и Македонски.
Христијанските свети книги, познати и под името „Новиот завет“, се составен дел од Светото Писмо — Библијата. Тоа е збирка од 27 книги, меѓу кои се четирите евангелија, посланијата (писмата) на апостолите до црквите и книгата Откровение.
Новиот завет кој ви го нудиме бесплатно е со македонски превод и е уникатен по тоа што на секоја страна содржи странични фусноти за секој библиски текст, кои посочуваат на паралелни текстови и цитати со слична содржина и тематика. На овој начин проучувањето на Новиот завет според слични теми и текстови станува многу полесно.
Дали се чувствувате изгубено во овој тежок период, прашувајќи се: „Боже, каде си?!“
Можеби порано го слушавте Божјиот глас, но сега се чини како Бог да молчи. Можеби порано чекоревте во вера, но сега воопшто не можете да го препознаете Неговото присуство. Добредојдовте во пустината — местото што се наоѓа помеѓу примањето на некое ветување од Бог и неговото исполнување.
Во оваа просветлувачка книга најпродаваниот автор Џон Бивир ве опремува со многу важни библиски вистини и настани од Библијата, кои ќе ви помогнат правилно да се движите низ вашиот сушен или тежок период, со цел да искусите сѐ што Бог има подготвено за вас.
Во книгата „Воден од вечноста“ авторот Џон Бивир користи една алегорија-откровение и опсежни цитати од Светото Писмо за да наслика живописна слика за начинот на кој нашите земни животи го обликуваат нашето вечно постоење.
Животот по последниот здив е многу повеќе од дестинација. Не чекајте да стане предоцна. Откријте сега како можете да го направите вашиот живот значаен — за денес, но и за вечноста.
Во денешно време термините добро и Бог навидум изгледаат како синоними. Веруваме дека она што е општо прифатено како добро мора да е во согласност со Божјата волја. Великодушноста, понизноста и правдата се добро. Себичноста, арогантноста, немилосрдноста и суровоста се зло. Разликата изгледа прилично едноставна и јасна. Но дали навистина е така?
Оваа книга ќе направи многу повеќе од тоа да бара од вас да го промените вашето однесување и перцепцијата за тоа што е добро. Ќе ве зајакне да се поврзете со Бог на ниво кое ќе го промени секој аспект од вашиот живот.
Во оваа книга авторката и говорничка Лиса Бивир го претставува животот и сликата на лавиците како жесток и нежен пример за жените. Откривајќи ги изненадувачките карактеристики на ова чудесно животно, Лиса ги предизвикува жените да најдат нова страст, вештина и цел.
Исполнета со неверојатни информации од природата и богата лепеза библиски референци за лавиците, книгата е повик упатен до жените да се издигнат во сила, за да го променат светот.
Во книгата Џон Бивир ве охрабрува да не се задоволите со површно и сувопарно христијанство, каде што човекот знае за Бог, но не Го познава Бог.
Оваа неверојатна и непроменлива покана од Создателот на универзумот не е само покана да Го славиме оддалеку, со некакви ритуали, туку да влеземе во длабока и интимна врска, во која Тој ќе го знае нашето срце, а ние Неговото.
Еднаш, многу одамна… бракот беше засекогаш. Тоа беше завет кој спои еден маж и една жена. Тие беа создадени да бидат еден за друг. Заедно им беше подобро отколку сами. Свадбената церемонија беше само почеток кон нивната цел: среќни до крајот на животот.
Како го загубивме допирот со оваа длабока, љубовна приказна? Во „Приказната за бракот“ Џон и Лиса Бивир ве покануваат повторно да го откриете Божјиот оригинален план за бракот, без оглед дали сте сами, во брак или свршени.
„Стапицата на сатаната“ разоткрива една од најизмамните замки што непријателот ги користи за да ги извлече верниците од волјата Божја: навредата, односно соблазната. Повеќето луѓе се заробени во оваа замка и не ни ја сфаќаат.
Не се залажувајте! Христос рекол: „Невозможно е да не дојде до никакви соблазни“ (Лука 17:1). Не можете да изберете дали ќе бидете навредени или не, но можете да изберете како ќе одговорите.
Преку оваа порака Џон Бивир ќе ве поттикне да останете во волјата Божја и да се ослободите од сомнежите и недовербата. Можете да избегате од менталитетот на жртва и да живеете без товарот на огорченост и фрустрација. Како што откривате поголемо ниво на потчинетост кон Бога, вашиот живот ќе изобилува со простување, помирување и сѐ поголема радост.
Во свет каде што толку многу некогаш искрени верници се оддалечуваат од верата — како што впрочем и Светото Писмо нѐ предупредува дека ќе се случи — можете да изградите вера што ќе трае до крај. Како? Со развивање на здрав, свет страв од Бога во вашиот живот.
Во „Стравопочит“ Џон Бивир ве поканува да размислите уште еднаш што значи да се гради спасението во страв и трепет — концепт што во голема мера е занемарен во денешната црква и за жал носи катастрофални последици.
Ќе дознаете на кој начин светиот страв е клучен за близок однос со Бог; како нѐ ослободува од сите други стравови и грижи; како нѐ води до вистинска мудрост и разбирање; зошто е суштински за исполнување на Божјиот повик во вашиот живот; и како ве штити од измама и компромис.
Преку оваа предизвикувачка и убедлива порака можете да доживеете заживување во вашиот однос со Бог, без разлика дали сте нов следбеник на Исус или чекорите со Него поголемиот дел од вашиот живот.
Библија во стрип за млади читатели, која содржи 126 колор страници со слики и текстови. Во оваа книга е претставен животот и мисијата на Исус, а како основа се користени четирите евангелија и посланијата на апостолите.
Можете да го отстраните она што ја краде вашата сила.
Како што Супермен можеше да ја прескокне секоја препрека и да го совлада секој противник, така и Христовите следбеници имаат натприродна сила да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат. Но и ние и Супермен го имаме истиот проблем — криптонитот кој ја црпи нашата сила.
Се разбира, приказната за Супермен и криптонитот е измислена. Но духовниот криптонит е реалност. Оваа книга нуди одговор на прашањето зошто толку многу христијани не можат да ја искусат силата со која живееја христијаните во првиот век.
Во „Убиј го криптонитот“ Џон Бивир ни го открива тој криптонит, како тој ги ослабува нашите заедници и како да се ослободиме од неговото влијание.
Оваа книга не е за тие што имаат слабо срце. Не е книга која ќе ни ги чешка ушите. Се работи за сериозна вистина за секој Христов следбеник што копнее да го прифати овој макотрпен процес на трансформација — процес кој на крајот секогаш дава плод.
Ниту еден христијанин не сака да Го ограничува Бог, но многумина од нас несвесно го ограничуваат Неговото дејствување во нашите животи само затоа што игнорираме еден многу важен духовен принцип: честа.
Тоа е концепт кој речиси не постои во нашата култура денес, но како што ќе видите на страниците од оваа книга, станува збор за нешто што е од огромна важност за напредокот на Божјото Царство во сите сфери на животот.
Во „Чест и награда“ најпродаваниот автор Џон Бивир ни открива како прифаќањето на повикот за покажување чест нѐ приближува до Божјиот вредносен систем и нѐ става во позиција да примиме сѐ што Тој има за нас.
Преку комбинацијата на длабоки библиски откровенија и силни сведоштва за примената на овие принципи на дело, оваа книга ќе ви даде свежа перспектива за оваа заборавена доблест — и, уште поважно, ревност да ја вградите во секоја област од вашиот живот.
Џон Бивир — ЏОН БИВИР е меѓународен говорник од Колорадо, САД, и автор на најпродавани книги, познат по својот смел и бескомпромисен пристап кон Божјото Слово. Џон и неговата сопруга Лиса се основачи на Messenger International — служба посветена на развој на бескомпромисни следбеници на Христос кои го преобразуваат нашиот свет.
Лиса Бивир — ЛИСА БИВИР е меѓународен говорник од Колорадо, САД, и автор на најпродавани книги, ко-водител на телевизиската програма „The Messenger“, што се емитува во повеќе од 216 земји. Таа има својствен, транспарентен стил, со кој го споделува Божјиот Збор со лични примери, носејќи трансформација и слобода. Лиса има големо сочувство кон општествените неправди и, како поборник за промени, мобилизира други што ќе бидат одговор за големите проблеми ширум светот.