Хуманитарна дејност
Продолжена рака на Божјата љубов.
Скоро секоја наша локална црква, на еден или друг начин, е вклучена во хуманитарна дејност — помагајќи редовно или периодично на социјално загрозени семејства и поединци, или на лица со посебни потреби. Најчесто помошта се состои од пакети со храна, алишта или инвентар што им се потребни на луѓето.
Хуманитарна организација „АГАПЕ“
Во рамките на Евангелска црква е регистрирана и хуманитарната организација „АГАПЕ“, со задача да ја спроведува хуманитарната и добротворната дејност на Е.Ц. во Македонија. Тоа вклучува помош на беспомошни лица без оглед на националната, верската и половата припадност.
„Агапе“ помага на прогонети, осамени и напуштени деца, на духовно обременети и на сите останати на кои им е потребно да се понесат нивните духовни или телесни грижи и да им се понуди соодветна помош.
Својата дејност АГАПЕ ја вршеше најзасилено за време на косовската криза и годините потоа, но и денес служи како алатка за хуманитарни проекти и за помагање на социјално загрозени семејства.
За секој што сака да донира
Денарска сметка
- Сметка
- 300000001139204
- Основ
- донација
Девизна сметка
- Примач
- AGAPE SKOPJE
- Адреса
- UL. FRANKLIN RUZVELT BR. 16, SKOPJE
- Сметка
- 0270100162412
- IBAN
- MK07300701001624135
- Банка
- Komercijalna banka AD Skopje, Ul. Vasil Iljoski 3, 1000 Skopje
- SWIFT / BIC
- KOBSMK2X
Хуманитарен центар за алишта
Во рамките на Евангелска црква — Неготино функционира хуманитарен центар за алишта, преку кој им се помага на социјално загрозени семејства.
Центарот започна со работа на 5 април 2022 и е сместен во општествена зграда, позната како поранешното ФЗО. Алиштата и чевлите ги добиваме од луѓе и организации што ни ги донираат; најчесто се половни, но добро зачувани, и бесплатно ги делиме на луѓе во потреба.
Просториите се отворени два дена во неделата и со нив раководат волонтери.
Работно време
- вторник
- 10:00 – 14:00
- петок
- 14:00 – 18:00
Донирај или прашај Росанда Спасова-Цаца · 075 450 372
Милосрдна дејност
Милосрдната дејност на Евангелска Црква во Велес трае од 2017 година. Започната е скромно, но по Божја благодат расте од година во година. Дејноста ја гледаме како продолжена рака на Божјата љубов за сите луѓе, без разлика на нивната позадина и статус.
Опфаќа секојдневни и месечни активности, како и поединечни проекти:
- пакети храна за социјално загрозени семејства — над 70 семејства секој месец
- поддршка и помош за Народната кујна — 20 топли оброци секој ден
- стипендирање студенти од социјално загрозени семејства
- стипендирање курс по ИТ технологии за средношколци
- парични донации за операции, лекување и терапии за деца и возрасни
- реновирање домови, самостојно и во соработка со други организации
- две изградени и опремени сензорни соби за деца со аутизам, во П.О.У. „Маца Овчарова“ и О.У. „Васил Главинов“ — Велес
- мебел, материјали и прибор за Развојното советувалиште при Здравствениот дом — Велес
- комплетна постелнина, перници, покривачи, пелени и алишта за Детското одделение и Неонатологијата при Општата болница — Велес
- донација за болницата во Јасеново
- неколку илјади медицински маски и стотици визири за Здравствениот дом, болницата и полицијата во Велес
- плаќање заостанати сметки за социјално загрозени семејства
- обезбедување огрев за социјално загрозени лица
- училишен прибор за деца од социјално загрозени семејства на почетокот на учебната година
- континуирана соработка и поддршка на Здружението на лица со церебрална парализа — Велес: храна, финансии, изградба на пристапна рампа и слично
- стотици божиќни пакетчиња за деца, секоја година
- алишта, пелени, козметика и храна за новороденчиња од социјално загрозени и многудетни семејства
- индивидуални акции за поделба на стотици топли оброци на луѓе во потреба
- организирање летни кампови за деца со попреченост и нивните семејства
За секој што сака да донира
Сметка за донации
- Назив
- ЕЦ во МК — Велес
- Жиро-сметка
- 300000004804834
- Банка
- Комерцијална банка АД Скопје