10–12 ОКТ 2026
АНА-конференција за жени
Годишна конференција за жените од целата земја: славење, интерактивни работилници, дружење, сведоштва и помазани жени-говорници. Бројот на пријавени достига и до 500 жени и девојки.
Струга
Евангелска Црква во Македонија
Над триесет локални цркви и мисиски станици низ целата земја — од првите домашни собири во Скопје и Штип кон крајот на осумдесеттите, до денес.
Најди црква во твојот град Што веруваме
Секоја црква има свои редовни богослужби, молитвени состаноци и часови за деца. Внеси град за да ја стесниш листата.
31 цркви
Нема совпаѓање. Пиши ни и ќе те упатиме. ecvorm@gmail.com
Кон крајот на осумдесеттите, во Скопје и Штип неколку луѓе поверувале во Исус и почнале да се собираат на неформални собири. Во 1988 доаѓаат мисионери од Србија и започнуваат официјалните богослужби.
Во 1991 црквите купуваат куќи што стануваат црковни објекти, а седиштето останува на Франклин Рузвелт 16.
Целата историјаГлавно одлучувачко тело е Советот на пастори, што го сочинуваат сите ракоположени пастори. На чело е претседателот со својот извршен тим од пет члена.
Претседател е Петре Петров, воедно пастор на Евангелска Црква Штип.
РаководствотоСекоја локална црква има свои редовни собири, и заедно тие се препознатливиот белег на деноминацијата: неделни богослужби, молитвени состаноци, библиски часови и забавни активности за деца, тинејџерски и младински состаноци, женски и машки средби за дружење и проучување на Библијата, христијански и библиски курсеви како АЛФА и АНА за жени, евангелизациски настани, концерти и промоции.
Покрај тоа: хуманитарна дејност, издавачка дејност и теолошко образование. Денот и часот на секој собир се на страницата на самата црква.
Хуманитарна дејностНастани од национален карактер — собири на кои се среќаваат верниците од сите локални евангелски цркви.
10–12 ОКТ 2026
Годишна конференција за жените од целата земја: славење, интерактивни работилници, дружење, сведоштва и помазани жени-говорници. Бројот на пријавени достига и до 500 жени и девојки.
Струга
1 НОЕ 2026
Трет национален собир од ваков формат, на кој се собираат верниците од сите локални евангелски цркви. Замислата е ваквите богослужби да се одржуваат еднаш годишно и да прераснат во традиција.
Театар „Ј. Х. К. Џинот“, Велес
2026 ДАТУМ СЛЕДУВА
Камп што се одржува секоја година, обично во летниот период: утрински и вечерни пораки со говорници од Евангелската црква, интерактивни работилници, спортски активности, дружење и слободно време. Одложен за 2026.
Ќе биде објавено
Куманово · основан 2016
Евангелско Теолошки Институт. Четиригодишна програма по теологија со менторски вонредни студии — 43 предмети, семинарски работи и дипломска. Во наставниот кадар има 15 предавачи: 3 доктори, 6 магистри и 6 дипломирани теолози.
За ЕТИКСкопје · основана 2024
Двегодишна теолошка програма, 120 ЕКТС, настава во живо и онлајн. Подготвува христијански служители за црквата и за општеството, во современ балкански контекст.
sst.mk