Во периодот од 2009 година до 2012 година, Евангелска црква - Неготино одржува големи евангелизациски настани во Неготино. Во 2012 година на настанот присуствува и група Роми од Кавадарци. Се воспостави дека овие луѓе се верници и дека тие веќе имаат домашно заедништво и се собираат во куќата на Мухамед Круези, кој воедно функционира и како нивни неофицијален пастор. Тие изразуваат желба да ѝ се приклучат на Евангелска црква и истовремено бараат од црквата да им помогне да изнајмат просторија за средби и да започнат со официјални богослужби. Уште истата година е пријавена Евангелска црква - Кавадарци во која најголемиот број верници се припадници на ромската заедница. По заминувањето на Мухамед Круези во Германија, водството на црквата го преземаат пасторот на Евангелска црква – Неготино, Горан Илиев, и старешините на црквата. Меѓу тие старешини е и Диме Наков, кој подоцна го презема водството на црквата и е назначен за пастор на истата.