За пасторот
Пастор Горан Илиев е роден 1973 година во Штип, каде што и пораснал и завршил средно училиште. Во 1992 година тој го прифаќа Исус, како негов Господ и Спасител. Завршува тригодишно теолошко училиште во Софија, а четвртата година ја завршува во Нови Сад, со што се стекнува со звање дипломиран теолог. Две години служи како помошник пастор во ЕЦ - Скопје, под водство на пастор Мирче Андреев, а во 1999 година, заедно со својата сопруга Даниела, се сели во Неготино, каде што основаат црква и тој ја презема пасторската служба. Кога во Кавадарци се започнува со посебни богослужби, пастор Горан ја презема одговорноста да се грижи и за оваа група, со тоа што Тодор Георгиев (кој живее во Кавадарци) станува старешина на оваа црква. Горан Илиев е во брак со Даниела, од 1995 година и имаат четири деца.