За пасторот
Пастор Горан Илиев е роден 1973 година во Штип каде што пораснал и завршил средно училиште. Во 1992 година тој го прифаќа Исус како негов Господ и Спасител. Завршува тригодишно теолошко училиште во Софија, а четвртата година ја завршува во Нови Сад со што се стекнува со звање дипломиран теолог. Две години служи како помошник-пастор во ЕЦ - Скопје, под авторитет на пастор Мирче Андреев, а во 1999 година, заедно со неговата сопруга Даниела, се преселува во Неготино, каде што основаат црква и тој ја презема пасторската служба.