За црквата
Венцо Наков е роден во Штип во 1969 година. Средно училиште завршува во родниот град и заминува на студии во Лесковац. Во јуни 1991 година го добива Новиот завет и по неколку месеци интензивно истражување и преиспитување на значењето на оваа книга, одлучува да му го посвети својот живот на Исус Христос. Претходно доживува сериозни кризи, но средбата со Библијата доведува до радикални промени во неговиот живот и одлучува да студира на Богословскиот факултет во Скопје. По еден изминат семестар заминува на богословски студии во Англија каде што магистрира на теологија, а во моментов работи на докторат по практична теологија. Тој е оженет со Катја и имаат четири деца: Мартин, Филип, Јована-Астерија и Стефанија.