За црквата
Моноспитово има долга традиција на протестантско движење. Првата црква е формирана уште во 1886 година. Во Моноспитово е одржана и првата Општа конференција на евангелско-протестантските цркви во Македонија во 1895 година. Денешната црква започнува како мала група во домот на Тони и Деса Барбутови во 1990 година. Тие собири се одржуваат сѐ до 1998 година кога истата станува дел од Евангелска црква на Македонија. Во 2000 година е изградена и нова црковна зграда и таму продолжуваат да се одржуваат редовните богослужби.