Локални цркви Југоисточен регион

Е.Ц. Гевгелија

Гевгелија

Богослужби

Богослужба
секоја недела од 11,00 часот.
Молитвени состаноци
секоја среда од 18,00 часот
Дополнителни активности
Неделно училиште за деца,
Кралски извидници
Извиднички одред „Лавови“ Гевгелија,

Адреса

ГТЦ 1 спрат, локал 48
ул. „Маршал Тито“ бб.

Контакт

Деца на богослужба во Е.Ц. Гевгелија

За црквата

Ракоположен пастор на ЕЦ Гевгелија е Зоран Колев, роден 1963 г. во Гевгелија. Заедно со сопругата Хилда служат како пасторско семејство. Бог ги благослови со две деца Ана и Михаил и четири внуци: Хилда, Јаков, Лидија и Зоран.

Нашата историја

Група христијани од Гевгелија во 2002 г. регистрираа здружение на граѓани „Христијански центар Емануел“ со цел - промоција на христијанските вредности и Библијата.

Во 2014 членството на здружението се приклучи кон Евангелска црква во Македонија и продолжи со работа како Евангелска Црква Гевгелија.

ЕЦ Гевгелија е заедница во која се слави Господ Исус Христос, се поучува Божјото Слово – Библијата и се проповеда Евангелието – Радосната вест. Служиме преку дарбите на Светиот Дух а плод на служењето се спасени души и трансформирани животи.

Во склоп на ЕЦ Гевгелија функционира Извиднички центар во село Ново Конско во кој се одржуваат разни активности од национален и интернационален карактер.