За црквата
Евангелска црква Велес е основана кон крајот на 90-тите години и со текот на годините се разива во активна и посветена христијанска заедница. Денес, под раководство на нашиот пастор Филип Иванов, се организираат редовни неделни богослужби, молитвени средби, веронаука за деца и младински часови. Пасторот Филип, кој е дипломиран теолог, има служено на пет континенти и започнал значајни проекти, како сиропиталиште и училишта во Уганда. Активностите на Евангелска црква Велес се на сегашната локација додека веруваме и се молиме за изградба на наша сопствена црковна зграда.