За црквата
Водач и одговорно лице на Евангелска црква - Радовиш е Роберт Шаламанов. Роберт е роден во Штип, каде што и е пораснат и завршува средно образование. Во 2013 година тој ја запознава Красимира и следната година тие стапуваат во брак. Бог ги повикува да му служат во градот Радовиш и по две години молитва, во 2020 година тие се преселуваат во тој град, а веќе во 2021 година започнуваат со редовни богослужби. Освен пасторската служба, Роберт е соосновач на здружението „Избери нов живот“, преку кое тој држи предавања и им помага на младите луѓе да се ослободат од зависностите или да ги препознаат опасностите и последиците од истите.