Локални цркви Скопје и северозападен регион

Е.Ц. Скопје

Скопје

Богослужби

Богослужба
недела во 10:30 часот
Неделно училиште за деца
веронаука за деца. Секоја недела за време на неделната богослужба.
Јасли
веронаука за деца од 0–4 години. Секоја недела за време на неделната богослужба.

Адреса

ул. „Франклин Рузвелт“ бр. 16
1000 Скопје

Контакт

Црковната зграда на Е.Ц. Скопје

За пасторот

Пастор на ЕЦ - Скопје е Стојан Петровски, дипломиран теолог. Во 1991-1992 студира теологија во Евангелско-теолошки факултет во Осиек и се стекнува со двегодишно теолошко образование. Во 2002-2004 го продолжува неговото студирање на Теолошкиот факултет во Нови Сад и се стекнува со звање дипломиран теолог.

Нашата историја

Евангелска црква - Скопје започнува како домашно заедништво во периодот меѓу 1987 и 1988 година. Во тоа време групата е пријавена како верска заедница во склоп на Христова пентекостна црква во Југославија. Сегашниот простор е купен во периодот меѓу 1989–1990 година и по неговата адаптацијата започнуваат да се одржуваат редовни црковни активности. Набргу, Христова пентекостна црква го менува името во Евангелска црква во Република Македонија (локално како Евангелска црква – Скопје). ЕЦ - Скопје е црква со мисиски карактер насочена кон охрабрување на верниците да ја живеат и да ја практикуваат верата во Исус Христос во нивната околина на живеење. Верниците на Евангелска црква - Скопје својата припадност на црквата ја темелат врз нивната сопствена одлука да го следат Господ Исус Христос и врз своето лично искуство на верата во Бог. Тие со своите животи сакаат практично да ја потврдат својата вера и да покажат пример за христијански живот со кој ќе бидат на благослов и добробит во средината во која работат и живеат. Целта на таквиот начин на живот е поттикнување на ближните на секојдневен, осмислен живот посветен на Бог. Богослужбите на ЕЦ - Скопје се со динамичен карактер и се креирани за сечија возраст: библиски поуки за деца и млади, мали групи за проучување на Библијата и дискусија и неделни богослужби.