За црквата
Првите случаи на евангелски верници во Куманово се појавуваат некаде од 1992 година. На почетокот на 1994 година, со преселувањето на првиот пастор Стојан Петровски заедно со неговото семејство од Скопје во Куманово, започнуваат официјалните богослужби на Евангелска црква - Куманово. Најпрвин црквата се собира во домот на пастор Стојан Петровски, а подоцна менува неколку простории, изнајмени локали за богослужби, на неколку места низ Куманово. Во 2004 година, по враќањето на пастор Стојан Петровски назад во Скопје, пастор на црквата станува Сашо Георгиевски. Од 2010 година, Евангелска црква - Куманово има своја нова црковна зграда во која последниве години ги одржува богослужбите и другите црковни активности.