Локални цркви Скопје и северозападен регион

Е.Ц. Сарај

Сарај

Богослужби

Црквата одржува редовни богослужби, молитвени состаноци и детски часови, но поради немање свои простории, тие не се дефинирани со ден и час и секоја седмица термините варираат, иако најчесто се за време на викендот.

Адреса

Црквата нема фиксна локација.

Контакт

Заедницата на Е.Ц. Сарај на собир

За пасторот

Сократ Апостоловски

Пастор на црквата во Сарај е Сократ Апостоловски. Во 1984 година тој стапува во брак со Лена. Откако ќе поверуваат во Господ Исус, тие почнуваат активно да служат во црквата и се вклучуваат во нејзините активности, уште од далечната 1966 година. Во 1999 година, заедно со други браќа, тој станува еден од основачите на христијанската организација „Кралски извидници“ и во првите четири години од основањето, тој служи како национален командант на организацијата.

Една од целите во нивното мисионерско дејствување е да се создаде контекст каде што Ромите ќе се собираат, ќе се охрабруваат и ќе се самоизградуваат за делото на евангелието. Затоа во 2009 година ја започнаа Ромската лидерска конференција во соработка со браќа и сестри од Бугарија и од Србија. Заедно создадоа движење кое е од Ромите и за Ромите. Многу од учесниците сега активно служат како пастори, водачи на славење, вклучени во работата со деца и друго.

Нашата историја

Во 2003 година основавме црква меѓу Ромите во Сарај. Од 2008 година оваа заедница стана полноправна членка на Евангелска црква во Македонија. Нашите целни групи вклучуваат маргинализирани жители од муслиманска заднина кои никогаш претходно немале контакт со евангелието. ЕЦ – Сарај користи многу имагинативни и пионерски методи за целото евангелие за да ги трансформира своите животи физички, ментално, духовно и социјално.