За црквата
ICS започнува со своето дејстување во октомври 2006 година. Првиот пастор на црквата е Дејвид Адерхолдт (САД), а по него во пасторалната улога служат Брајан Ричардс (САД) и Мартин Хоскинг (Обединето Кралство). Во моментот пастор е Марино Мојтиќ. Првенствена улога на ICS е да им служи на странците кои се на работа во Македонија на пократок или подолг период како и на оние што се тука заради брак со македонски државјани.