За црквата
Анита Димитриевска родум е од Кратово. Во 1997 година, откако поверува во Исус Христос, таа започна да му служи на Бог, најнапред во својот роден град, водејќи ја црквата и центарот за млади, служејќи помеѓу децата и тинејџерите. Одреден период, Анита беше вклучена и во христијанската организација „Млади во мисија“, при што имаше прилика да служи и надвор од својата земја . Во 2021 година, таа се пресели во Охрид, каде што беше водител на христијански емисии, во локално радио, а истовремено служеше на веќе постоечката црква во Охрид. Од 2024 година, Анита е поставена за пастор на црквата, каде продолжува да служи на верните, гледајќи да ги пресретне потребите на луѓето.