Локални цркви Југозападен регион

Е.Ц. Ресен

Ресен

Богослужби

Богослужба
недела во 18:00 часот
Детски час
недела во 11:00 часот (Богослужбите се одржуваат на прв кат во Coffee House.)

Адреса

ул. Крсте Трајчевски бр. 64
Ресен

Контакт

Славење на богослужба во Е.Ц. Ресен

За црквата

Драган Манев, по потекло од Велес, заедно со група млади луѓе го прифаќа Исус како негов Господ и Спасител. Подоцна се запишува на теолошки студии и дипломира на Теолошкиот факултет во Осиек. По завршувањето на студиите, тој се запознава со Билјана и во 2007 година стапуваат во брак. Тие имаат две деца, Даниел и Марија. Откако се враќа во Велес, Драган е ракоположен за пастор на Евангелска црква - Велес и на таа позиција останува, сѐ до 2017 година кога се преселуваат во Ресен.

Нашата историја

Зачетокот на оваа мисија е во јуни 2017 година кога брачниот пар, Драган и Билјана Маневи од Велес, заедно си нивните деца, се селат во Ресен за да започнат нова заедница. Тие почнуваат да го шират евангелието меѓу локалното население и набргу започнуваат со библиски часови. Во 2022 година црквата веќе има има пет крстени члена и уште неколку кои се редовни посетители на библиските служби. Паралелно започнува и детската служба со околу 10 дечиња.

Денес, црквата, освен редовните богослужби, има и социјални проекти и активности преку кои им се помага на сиромашни семејства или на лицата со посебни потреби.