Ајхан Арслановски е роден на 1 мај, 1983 г. во Битола . Пораснал во семејство со муслиманска позадина, со татко, мајка и еден брат . Оженет со Кибарија Арслановска, во 2007г. со која Бог им дал два сина и една ќерка: Архан, Давид и Асенета . Што се однесува до верата во Христа, најнапред поверувала неговата сопруга, а по некое време поверувал и Ајхан. Веднаш потоа и обајцата се крстиле и одлучиле редовно да ги посетуваат богослужбите во Евангелска црква. Како верник, тој често го придружувал Тефик Мусоски (претходниот пастор на црквата во Баир, Битола), во евангелизациски настани и ширењето на евангелието и на тој начин станал еден од столбовите на оваа локална црква. Во тој период, Ајхан имал завршено само средно, секуларно образование, како автомеханицар . Подоцна, Ајхан, заедно со неговата сопруга заминуваат во христијанското училиште „ХУБ-Београд“, каде што завршуваат еден семестар. Во меѓувреме, на просторите на поранешна Југославија, започнува со работа Ромската Библиска Школа, која има мобилен карактер и Ајхан се запишува во истата, каде што завршува 18 месеци, теорија и пракса.
Поради својата активна вклученост во животот на црквата, преку практично служење, проповедање, евангелизирање и друго, на 7 април, 2024г. Ајхан е ракоположен за старешна во ЕЦ Баир-Битола, а на 22.06.25 со повлекувањето на пастор Тефик од позиција на пастор, на Ајхан му е предадена пастирската грижа за оваа локална црква.